(ФОТО) Нема место за паника, има доволно залихи на зејтин за потребите на граѓаните

Денеска заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ја посетивме фабриката за масло за јадење Кристал во Велес, напиша на својот ФБ профил Министрите за економија Крешник Бектеши.

Во објавата министерот додава:

👉Cнабдувањето со сончоглед е стабилно и нашата државата во континуитет увезува сурово масло потребно за производство во домашните капацитети, но има и зејтин за домашна потрошувачка за граѓаните.
Граѓаните не треба да стравуваат, ниту да купуваат повеќе за да трупаат залихи
👉Веќе почна и увозот на рафинирано масло од соседите, но се увезува и од други држави со оглед дека ја укинавме царинската стапка од 29 за увоз на зејтин.
Ја следиме ситуацијата на дневна основа и заеднички како Влада ќе ги носиме одлуките на интерес на граѓаните.