Американската компанија „Спејс икс“ во вселената лансира уште 53 сателити во рамки на проектот за интернет-мрежата „Старлинк“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на интернет-страницата „Spaceflightinsider.com“, 53-те сателити кои ќе бидат дел од интернет-мрежата „Старлинк“, биле лансирани со ракетата „Фалкон-9“ од вселенската станица Кејп Канаверал во Флорида, САД.
Ракетата „Фалкон-9“ слета на бродот „Just Read The Instructions“ во Атлантскиот Океан.
Главниот извршен директор на „Тесла“ и „Спејс икс“, Илон Маск, еден час по лансирањето на сателитите, на Твитер напиша дека сите 53 сателити се поставени во орбитата.
извор: Агенција Анадолија (АА).