Приведена млада скопјанка која со нож ја ранила својата мајка, а се заканувала и кон останатите домашни

0
218

26-годишна скопјанка е уапсена откако во нејзиниот дом со нож ја нападнала сопствената мајка и ѝ нанела повреди, а се заканувала и кон другите членови на семејството, соопшти МВР.

„На 25.04.2022 во 00.25 часот во Скопје, полициски службеници ја лишиле од слобода М.Б.(26) од Скопје затоа што во домот со остар предмет и нанела повреди на нејзината мајка и се однесувала агресивно кон членовите на семејството и полициските службеници кои вршеле службени дејствија“, се вели во полициското соопштение.

Девојката била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од полицијата.

фото: The Citizen