ВМРО ДПМНЕ: Каде е Ковачевски да искоментира за столбот на ДУИ во Липково, зошто селото нема пат и квалитетна струја, а има столб од 20 метри

0
219

Каде е Ковачевски да го искоментира столбот во Липково на ДУИ?

Во Битола бугарско здружение за ликот на Михајлов, во Липково 20 метарски столб на УЧК, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение го пренесуваме истото во целост:

Има ли оваа држава премиер и институции?

Дали СДС наместо инвестиции сега поддржува градење столбови и споменици?

Дали Ковачевски на ова аплаудира, или негодува?

Зошто Липково нема квалитетна патна мрежа, а има столб од бетон висок 20 метри?

Зошто Липково нема квалитетна струјна мрежа а има споменик, и дали споменикот ќе ги врати иселените од Липково?

Ветуваа Европа, а донесоа бетонски столбови.

Колку вреќи пари СДСМ и ДУИ ќе украдат во име на столбот во Липково?