Владици од Грузиската Патријаршија ја одобруваат одлуката на Вселенската Патријаршија да ја врати Охридската Архиепископија во канонско единство со православниот свет.
Епископот на Грузиската Патријаршија за Белгија, г. Доситеј, на својот Фејсбук профил ја сподели веста за канонското признавање на Охридската Архиепископија од Страна на Вселенската Патријаршија.
Веста ја презема од познатиот грузиски сајт http://wenews.ge во кој се вели дека „Всленската патријаршија ја врати црквата на Северна Македонија во своите канонски бедра“.
Општо земено, овој црковен грузиски сајт е позитивно настроен кон решавањето на македонското црковно прашање и ја прифаќа одлуката за воспостоавување на канонско и литургиско општење на Охридската Архиепископија со Вселенската Патријаршија и со помесните православни цркви, пишува Religija.mk.