Српскиот претседат Александар Вучиќ по телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин рече дека е договорено Србија да плаќа три пати поевтин природен гас од останатите европски земји, а цената ќе биде само малку повисока во однос на онаа која ја добиваат најголемите земји-сојузници на Русија.
„Ќе потпишеме тригодишен договор, што мислам дека е исклучително погоден за српската страна, а другиот елемент е платформа која ќе остане иста, многу поволна за нашата земја“, изјави српскиот претседател за време на обиколката на Магацин на стоковни резерви.
„Продолжуваме по истата формула, формулата за нафта од 100 отсто, од 310 на 408 долари за илјада кубни метри гас. Но, потребно ни е покачување за 800.000 кубни метри гас и останува да се преговара за цената за таа дополнителна количина, но за 2,2 милиони ова е договорено. Само некои од земјите во сојуз со Русија можат да имаат нешто, но само нешто подобра цена од оваа“, рече Вучиќ.
„Ќе имаме сигурна зима ако реализираме се што договорив со претседателот Путин. – истакна Вучиќ.
фото: