Актуелниот пратеник и потпретседател на Собранието, Горан Мисовски е избран за претседател на Нова социјалдемократска партија на денешниот Петти конгрес на партијата.
„Горан Мисовски е избран за претседател на НСДП на Петтиот конгрес кој се оддржа во Скопје. Од присутни 426 делегати правото на глас го остварија 314 делегати од нив: 308 за, 3 против, 3 неважечки ливчиња. Честитки! Со среќа и многу успеси да ја води НСДП“, објавија од партијата.
фото: НСДП Фејсбук