Рекордно големиот ребаланс на буџетот од 4,7 милијарди евра пред пратениците

Рекордно големиот ребаланс на буџетот од 4,7 милијарди евра пред пратениците. За него се очекува жестока дебата на матичната комисија за финансирање и буџет. Огромно е незадоволството кај граѓаните и бизнисот откако Владата најави дека ќе донесе нови антикризни мерки дури по неговото усвојување, а во ребалансот има едвај 70-тина милиони евра за мерки за справување со инфлацијата. Особено е гневен Сојузот на синдикати бидејќи во прекроената државна каса и покрај ветувањата, немаше место за најавеното покачување од 2.806 денари по работник во администрацијата. За да се усвои ова нивно барање тие поднесоа и амандман на ребалансот, објави АЛФА.

Со ребалансот предвидено е да се соберат 112 милиони евра плус, но и да се потрошат дополнителни 260 милиони евра. Повеќе пари ќе има за плати во образование, пензии, субвенции и минималец, а значително помалку за капитални инвестиции. Сумата по овој основ се намалува од 613 на 520 милиони евра. Помалку пари ќе има за патишта, водовод и канализации во општините. Очекувано најмногу пари се кратат во министерството за транспорт од 60 милиони евра, а исто толку се додаваат во министерството за труд и социјала.

Текстот во целост на: АЛФА.