Регулаторна се’уште размислува за границите на четирите тарифни блока

Границите на четирите тарифни блока по кои ќе се пресметуваат сметките за електрична енергија на домаќинствата најверојатно ќе претрпат измени, нема да бидат позиционоирани на 210, 420 и 630 киловват чавои потрошена струја во скапа тарифа. Ова денеска го потврдија надлежните кои го изработуваат тарифникот и додадоа дека и доколку се подигнат горните границите нема да има значителни измени.

„И во наредниот перод ќе ги примаме сите забелешки и сугестии и тие единствено можат да одат во насока на зголемување на опсегот на блоковите, а не на намалување“, соопшти Марко Бислимовски, претседател на РКЕ, на денешниот брифинг со медиумите.

Проценките се дека 80 отсто од домаќинствата ќе плаќаат пониски сметки од постоечките и покрај извесното поскапување на цената на струјата.

„Ако ги смениме овие граници, како што има сугестии и вечќе со регулаторната Комисија работиме, на некои повисоки засега не кажуваме кои бидејќи процесот не е завршен и да избегнеме шпекулации се разбора, цените соодветно ќе се корегираат. Приказната не се менува многу. Над 80 отсто од домаќинствата ќе имаат помали сметки, само разликите во процентите во крајната сума нема да бидат да речеме 15 отсто туку 10 отсто“, објаси, професор Рубин Талески, ФЕИТ.

Новиот тарифник и новата цена на струја ќе почнат да важат од 1 јули. Тарифниот систем ќе биде заклучен пред одлуката за новата цена на струјата бидејќи таа зависи токму и од него. При формирањето на новата цена на струјата ќе се змеат превид мрежарините кои влијаат на маржата, како и барањето на Електродистрибуција од 80 отсто поскапа цена додека ЕВН Хоум не побара зголемување на цената во барањето бидејќи не ја знае цената на електричната енергија која ќе ја купува од ЕСМ.

„Најбитниот елемент за пресметка на цената за дистрибуција ќе ни биде набавка на загуби. Доколку се обезбеди ЕСМ да продолжи да ги обезбедува загубите на Елекстродистрибуција ќе си олесниме ситуацијата, доколку своите потреби за загуби Електродистибуција гиу набавува на слободен пазар, имаме сериозен проблем“, рече Бислимовски.

Од денеска во функција е калкулаторот кој е поставен на страницата на Регулаторната комисија а преку кој граѓаните ќе може да пресметаат колку ќе им изнесува сметката за струја доколку потрошат исто, помалку или повеќе согласно тарифните блокови, но мора да се напомене дека при пресметката калкулаторот ја користи посточеката цена на струја, која сигурно ќе се смени и ќе биде повисока.

Од октомври БЕГ повеќе нема да ги грее скопјани. Регулаторната комисија ја почна постапка за одземање на трите лиценци на „БЕГ“ и компаниијата од октомври повеќе нема да ги грее скопјани. Откако лиценците ќе бидат одземени, според законските прописи, државата треба да распише тендер за избор на снабдувач со топлинска енергија а Бислимовски е дециден дека постапката ќе заврши пред почетокот на новата герјна сезона и граѓаните и индустријата нема да останат без греење.

 

Глас на АМерика