Словенците да беа Бугари, немаше да имате проблеми со нас, истакна Пахор на средбата со Пендаровски

Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска на својот Инстаграм профил објави интересен разговор кој го имал со македонскиот претседател Стево Пендаровски во Охрид.

-Со македонскиот претседател и пријател Стево Пендаровски разговараме за нерешениот проблем меѓу Северна Македонија и Бугарија. Во меѓувреме, малку на шега, а малку и вистина, велам Словенците да беа Бугари, немаше да имаат проблем со нас. Тој на шега одговори дека Македонците да беа Словенци ќе беа 20 години во Европската Унија, напиша Пахор на Инстаграм.

 

fokus.mk