Јовески за спотот за „А бре, Македонче“ – Посериозно го повредив рамото и во лонгета го довршував целото снимање но, не се откажав

„Балкан бенд“ го промовираа најновиот музички проект насловен како „А бре, Македонче“. Зад ова музичко дело како аранжер се потпишува Дарко Илиевски, а мастерот е дело на Дејан Момироски. Спотот е направен под режиската палка на маестралниот Даниел Јовески.

Момците од „Балкан бенд“ на промоцијата со огромно задоволство открија дека ова е најскапиот музички проект кој се случил во Македонија во последните 10-на години.

-Ова што го гледате и слушате вечерва како финален производ, го подготвувавме од 2018-та година и сме пресреќни што конечно ја споделуваме со вас „А бре, Македонче“ и горди сме што ѝ оставаме еден траен белег на Македонија, рекоа членовите од „Балкан бенд.

А Охриѓани пак горди што овој маестрален спот е сниман во Охрид, статистите се охриѓани, а и режисер на спотот е охриѓанецот Даниел Јовески.

Јовески и покрај тоа што веќе работи на нов ангажман надвор од државава, за NEWS1.mk открива детали за спотот и соработката со момците од „Балкан бенд“.

NEWS1: Реакциите за спотот и песната се и повеќе од одлични, а доказ за тоа се и бројот на прегледи на YOUTUBE. Може ли да ни откриете колку време го работевте спотот, како помина снимањето, а како монтажата. Очигледно е дека за реализација на истиот требеше да добиете и дозволи од институции како што е завод и музеј и ред други. Наидовте ли на накоја препреки за време на подготовките или пак снимањето?

Даниел Јовески: Временски конкретно за проектот со Балкан Бенд се состанувавме и разговаравме неколку месеци за како би нашле заедничка фреквенција за кон која насока да се движи концептот на сценариото. Спотот се работеше околу 40на дена заедно со снимање и монтажа. Проблеми од технички апект немавме, но самиот јас лично претрпев големи проблеми и искушенија додека траеше целиот процес, посериозно го повредив рамото и во лонгета го довршував целото снимање и монтирање и ми беше многу отежнато да го доснимувам остатокот од матријалот со една рака, а најважното е што не се откажав.

NEWS1: Велат добриот глас далеку се слуша. Така е и со вас. Сте соработувале и соработувате со многу познати имиња кои бараат вие да им го изработите спотот. Дали се случило да одбиете некого и зошто, или имате ли и вие барање од изведувачите од типот препуштете ми мене, сугестии не… Или пак пред да се почне со работа се договарате, па почнувате со работа?

Даниел Јовески: Сум одбивал доста, бидејќи едноставно сум немал доволно време да се посветам на повеќе артисти во истовреме, но и ако не ме инспирира доволно песната. Секогаш сум флекибилен во однос на сценарија и тежината дали се ќе биде работено од мене или ќе е поделена енергијата, а последниот збор останува кај мене секако.

NEWS1: Дека сте маестрален во вашата работа и дека во истата вложувате многу труд и љубов, доказ се бројните награди кои сте ги добиле. Имате ли најдрага, или кој е вашиот сон?

Даниел Јовески:  Немам најдрага награда, големиот сонот сеуште не ми остварен, но додека патувам кон мојот сон, се случуваат големи нешта и успешни проекти.

NEWS1: Како и кога одмара Јовески? Има ли време а одмор?

Даниел Јовески: Одмори имам обавезно неколку пати во годината, зимувања и летувања, но и помеѓу работата со рекалсирања со моите кученца, велосипедот, ролерите и со излегувања и дружења со пријателите. Балансот помеѓу работата и одморот мора да се негува за да креативноста извира како што треба.

NEWS1: И на крај неможам, а да не запрашам секако доколку сакате да откриете. На што работите во моментов?

Даниел Јовески: Моментално работам на неколку сценарија и проекти, но нема да откријам бидејќи се во креативен процес и сакам да бидат изненадување.

извор: NEWS1.mk

фото: Даниел Јовески