Авганистан: Меѓународниот аеродром „Хост“ претворен во медицински центар за повредените во земјотресот

0
391

Меѓународниот аеродром „Хост“ во Авганистан е претворен во медицински центар за повредените во земјотресот од регионите Хост и Пактика, јавува Агенција Анадолија (АА).

Хеликоптерите превезуваат повредени граѓани од подрачјата најтешко погодени од земјотресот во Пактика и Хост и доставуваат храна до погодените подрачја.

Во земјотресот со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала, што во вторникот вечерта ги погоди источните покраини на Авганистан, животот го изгубија 1.150 луѓе, а над 1.600 се повредени.

Според податоците на талибанските власти, повеќе од 2.500 куќи се целосно уништени, а стотици се оштетени во покраината Пактика. Пактика и Хост се најтешко погодените авганистански покраини каде што неколку села се целосно уништени.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).