(ФОТО) Лепа Брена и Боба Живојиновиќ уживаат на Корчула

0
425

Покрај бројните настапи, Лепа Брена има време и за одмор. Една од најголемите музички ѕвезди на Балканот и оваа година поминува време на крстарење по Јадранот. Пејачката во придружба на сопругот Слободан Боба Живојиновиќ и пријателите пред два дена со приватен авион замина во Хрватска.

Во виното е вистината  – гласи латинската поговорка која Брена ја напиша покрај фотографијата на која позира со сопругот и шише вино од сопствената винарија.

Нема сомнеж дека 61-годишната пејачка навистина ќе ужива во оваа пауза од деловните обврски и дека ќе ги „полни батериите“ за нови работни победи.

 

Фото Инстаграм Лепа Брена

nadlanu.com