Боки 13 нападнат во затвор?!

0
490

На социјалните мрежи кружи информација дека Бојан Јовановски-Боки 13 бил нападнат во затворот „Идризово“ каде издржува затворска казна. Се уште нема официјална потврда за нападот. Ова се информациите кои кружат на социјалните мрежи, а за кои нема потврда од службите, објави Република.

Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, вечерва нема добиено информација за проблем со неговиот клиент. Повеќе информации се очекува во текот на утрешниот ден.

извор: Република

фото: Архива