Пожарот над Трибичино – струмичко сеуште активен

Пожарот започнат на 25 јули оваа година над населбата Трибичино -Струмичко, сеуште е активен. Во текот на ноќта, дежурната екипа од ПШС Беласица – Струмица го контролирала пожарот, кој за жал во текот на утринските часови повторно се активирал.
Доколку пожарот целосно не биде изгаснет, дежурната екипа од подружницата редовно ќе ја следи ситуацијта и понатаму.
Имаме сознанија дека општината Струмица има побарано хеликоптер од надлежните институции за дејствување од воздух, заради тоа што теренот е непристапен, со мешана нискостеблена шума.
Моментално пожарот се активира и од другата страна на населбата Трибичино со што постои опасност пожарот да се прошири кон населеното место, информираат од ЈП Национални шуми.