Потрагата по Мартин Јовановски кој исчезна во морето кај Посиди, Грција, прекинува по 20 дена. За случајот велат дека нема да биде затворен и дека потрагата продолжува на „друго“ ниво.
-Денес затвораме 20 дена без Мартин! Напорите за негово лоцирање цело време за жал беа неуспешни иако морето, копното и небото ги прокрстаривме со она што го имавме на располагање и со сите државни органи. Мартин не припаѓа на морето, Мартин припаѓа на копното и мора да се „врати“ таму во одреден момент. Па да го оставиме морето да си ја заврши „работата“ неколку дена со надеж дека во еден момент ќе ни се оддолжи. Сочувствуваме со неговото семејство и затоа нема да дозволиме случајот да се затвори! На мајката Лидија и на неговиот брат Горан им ветивме дека ќе го најдеме Мартин. Потрагата сега продолжува на „друго“ ниво – објави организацијата ОФКАТ на нивата официјална Фејсбук страна.
фото: Архива