Утрово регистриран земјотрес во Косово, почуствуван и во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава, 31.7.2022 година, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 26 километри североисточно од Скопје во соседна Република Косово.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 8 часот и 28 минути со Рихтерова локална магнитуда ML 2,8 и интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Скопје и околината.

 

sitel.mk