СДК.МК: Претресот во финансиската полиција бил по пријава во врска со „Беса Транс“

Една од анонимните пријави за кои што обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска обезбедила судска наредба за проверка во Управата за финансиска полиција (УФП) била за станицата во која што бил извршен технички преглед на автобусот на „Беса Транс“ што изгоре во Бугарија, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Во автобуската несреќа на 23 ноември лани загинаа 45 луѓе.

СДК пишува дека тимот обвинители и истражители претходно обезбедиле документација од најмалку четири институции од локалната и од извршната власт, со што ги обезбедиле индициите за можни нерегуларности, што било доволно најверојатно и судијата веднаш да потпише наредба за да се проверат тврдењата во анонимната пријава преку претрес на документите во Финансиската полиција во врска со оваа станица за технички преглед.

Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК.

фото: DW