Продуцентот Алекса Балашевиќ, наследник на познатиот музичар и кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, вчера за првпат стана татко.
На свет дојде ќерката Вера. Бебето и мајката се чувствуваат добро, а девојчето ги израдувало родителите неколку дена пред терминот.
Алекса заедно со сопругата Николина го избрал името за наследничката.
Двајцата се венчаа неодамна во црквата Свети Сава. Продуцентот и автор на филмот „Мегдан“ пред неколку години ја запроси сопругата во Израел, а за овој чекор долго чекаше дозвола.
фото:Story.rs