„Ја фатив за рака да не ја удри кола и реков нема бегање“, пејачот Дарио за почетокот на врската со сопругата Бојана

Популарниот поп пејач на македонската естрада Дарио Панковски ги брои болни 40 години на музичката сцена. Неодамна Дарио ја омажи својата ќерка каде венчавката ја правеа во црква во Охрид а објави и фотографии од свечениот момент на своите социјални мрежи.

Со својата сопруга Дарио е 33 години во брак а имаат две деца. Целиот изминат период токму сопругата Бојана е неговата најголема поддршка.

-Бојана е од Врање и беше на студии тука. Порано се знаеше како е изегува, одиш прво во 5-6 кафулиња, па на крј диско. Меѓу тие кафулиња стоиме на булеварот ЈНА и требаше да ја поминеме улицата за да одиме накај диско. И јас демек да не ја удри кола ја фатив за рака, и и’ реков нема бегање. И еве не’ 33 години се држиме за рака, раскажува во интервју за Репортер, пејачот Дарио.

 

фото ФБ