Актерката која одигра бројни улоги, изгледа беспрекорно и во седмата деценија

Таа со гордост си ги носи годините и изгледа неверојатно и во седмата деценија од животот. Дама со специфичен моден стил, која ја паметиме по Македонските народни приказни…

Стојна Костовска, македонска телевизиска и театарска глумица, и на 68 години изгледа неверојатно фит, а тоа се гледа на фотографиите од плажа што неодамна ги објави на нејзиниот Фејсбук профил.

Стојна Костовска е родена на 31 март 1954 година во Крива Паланка. Има дипломирано на Вишата музичка школа, Скопје, на отсекот за актерска игра во 1978 година. Од 1980 година стана дел од Македонскиот народен театар – Скопје.

Таа има впечатлив моден стил и вљубена е во модните детали. Од градинарство и прошетки до балансирана храна, таа внимава на изгледот.

И во седмата деценија од животот е пример како треба да изгледа една вистинска дама.

 

 

crnobelo.com