Кина објави дека открила нов минерал на Месечината

Кина денеска објави дека открила нов минерал на Месечината, што ја прави трета земја во светот која има такво тврдење, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Новиот минерал, потврден од Комисијата за нови минерали, номенклатура и класификација на Меѓународното минералошко здружение, бил пронајден во 2020 година за време на вселенската мисија „Чанг’е-5“ од Месечината со тежина од околу 1.731 грам“, рече Донг Баотонг, заменик-претседател на Управата за енергетика „Чајна атомик“.

Тоа е првпат во последните четири децении такви примероци од Месечината да се собрани од кинеската вселенска мисија пред две години.

„Новиот минерал го доби името чангесит (ипсилон)“, истакна Донг.

Се додава дека чангесит (ипсилон) е фосфатен минерал во колонообразен кристал кој се наоѓа во лунарните базалтни честички.

Чангесит (ипсилон) е шестиот минерал откриен на Месечината.

Претходно, САД и поранешниот Советски Сојуз објавија дека имаат откриено нови минерали на површината на Месечината.

„Ова е големо научно достигнување на Кина на полето на вселенската наука, а исто така е моќно истражување на меѓуиндустријата и на меѓупрофесионалната соработка меѓу меѓу нуклеарниот и аеровселенскиот [инженеринг]“, рече Донг.

Новиот минерал е тестиран од експерти од Истражувачкиот институт за геологија на ураниум во Пекинг, кои одвоија една кристална честичка со радиус од околу 10 микрони од 140.000 честички од примерокот на Месечината користејќи високотехнолошки средства како дифракција на рендген и ја интерпретираа нејзината кристална структура.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).