Цената на дизелот од полноќ се намалува за два денари, а цените на останатите нафтени деривати остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Според оваа одлука, новата цена на дизелот ќе биде 95 денари за литар. Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 84,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 по цена од 87 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 93,5 денари за литар. Непроменета останува и цената на мазутот, односно тој ќе се продава по цена од 51,473 денари/килограм.
Со оваа, најнова одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 проценти во однос на одлуката од 12 септември