(ВИДЕО) Приведен и свештеник во Белград покрај останатите противници на Прајд

Како што јавува репортерот на Нова.рс, екскомуницираниот монах Антоние прво бил одвоен од толпата, а потоа внесен во полициска станица. Како што пишуваат српските медиуми, тој претходно со шише ја гаѓал новинарската екипа на Н1.

Полицијата ги турка демонстрантите подолу од Собранието.

Приведени се неколку лица. Меѓу нив се и двајцата кои го украле главниот транспарент за денешната прошетка на Еуропрајд.

https://www.youtube.com/watch?v=hZ5Cjh_U3Rg&feature=emb_logo