МВР демантира дека се краде бакар од депонијата: Во Дрисла била натоварена земја за Зоолошка

0
312

Министерството за внатрешни работи ги демантира денешните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ за тешка кражба од Јавното претпријатие „Дрисла“ од каде наводно се изнесувал бакар како отпадно железо.

По добиена пријава дека денеска од депонијата во Дрисла се изнесува голема количина бакар, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево, ЕИК, ЕВР Карпош и ЕИП, веднаш презедоа мерки и активности, при што е извршен разговор со раководни лица и вработени во депонијата и во Комуналното претпријатие на град Скопје. Притоа е констатирано дека во Дрисла нема бакар, а со товарно возило камион од Комуналното претпријатие на град Скопје најпрво во Дрисла биле истоварени шут и смет од Зоолошката градина во Скопје, кои биле исфрлени во депонијата, а на враќање, по извршен ископ на земјиште со багер, во истото возило била натоварена земја наменета за Зоолошка градина и донесена до неа“, соопштија од МВР.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека според нивни основани сомневања и информации во ЈЈП Дрисла се врши тешка кражба на бакар кој се изнесува под ставката отпадно железо. Опозициската партија го порзва МВР да одговори на овие сомневања.

извор: МВР