ВМРО ДПМНЕ: Арсовска да каже дали кадрите на ДУИ ќе ја поддржат програмата за модерно Скопје, ако знаеме дека последните избори го поддржаа Шилегов

0
355

Официјализирана коалицијата Арсовска-ДУИ во Скопје, скопјани повторно измамениИзминатиов период скопјани беа сведоци на политичкиот театар во организација на Данела Арсовска, ДУИ и ГРОМ, во која се направи целосна измама со волјата на граѓаните на неполна година по локалните избори. Оваа коалиција ја официјализира и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој изјави дека ДУИ и официјално е во коалиција со Арсовска, се вели во објавата од Комисија за локална самоуправа од ВМРО ДПМНЕ.

Во објавата од комисијата додаваат:

До овој момент, ДУИ својата коалиција со Арсовска ја наплатија со 2 директорски места во јавните претпријатија, како и директорско место во едно од средните училишта. Данела Арсовска стана градоначалник со поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, каде граѓаните на Скопје дадоа поддршка за промени во главниот град и програмата “За модерно Скопје”.Јавно ја повикуваме градоначалничката Арсовска да даде одговор на скопјани:1- Дали кадрите на ДУИ поставени за директори на јавни претпријатија и средни училишта од страна на градоначалничката, ќе ја реализираат програмата “За модерно Скопје”, кога знаеме дека истите на последните локални избори ја поддржаа програмата на Петре Шилегов? 2- Според кои начела Арсовска ја оправдува коалицијата со ДУИ, ако се земе во предвид дека тие беа на власт заедно со СДСМ и Шилегов?3- Какви се тие промени кои Арсовска ќе ги воведе во Скопје, кога главен партнер во коалицијата е истиот со минатиот градоначалникот кој таа го смени?4- Дали градоначалничката не чуствува одговорност, за ваквата манипулација и изигрување на волјата на граѓаните од кој ја доби довербата?ВМРО-ДПМНЕ како и досега ќе продолжи да работи во интересот на граѓаните и ќе даде поддршка на сите проекти кои ќе го подобрат животот на жителите на Скопје.

извор: ВМРО ДПМНЕ

фото: ВМРО ДПМНЕ