Туркије ќе биде центар за природен гас, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Туркије ќе биде центар и за природен гас. На нашиот последен состанок, со [рускиот претседател Владимир] Путин се договоривме за ова прашање. Ќе создадеме центар овде со гасот што доаѓа од Русија“, рече Ердоган на состанокот на пратеничката група на Партијата за правда и развој во главниот град Анкара.
„И со свои зборови, Путин му објави на светот дека „Европа може да го добива својот природен гас од Туркије“, додаде Ердоган.
Турскиот претседател рече дека загриженоста во западните земји расте поради енергетската криза, додавајќи дека Туркије „нема таков проблем“.
Минатата недела, на маргините на Самитот на Конференцијата за интеракција и мерки за градење доверба на Азија, во казахстанскиот главен град Астана Ердоган одржа состанок зад затворени врати со Путин, кој предложи изградба на центар за природен гас во Туркије.
По состанокот Ердоган објави дека Анкара и Москва ќе работат заеднички на изградба на центар за природен гас во турскиот регион Тракија по предлог на Русија.
Извор: Агенција Анадолија (АА).