Koј е Раде Штекли ранетиот во „Ист гејт“: Дел е од „Барон“ групата од Чаир во која членуваат повратници од боиштата на Блискиот исток

Едно од двете лица кои се повредени во престрелката во „Ист гејт“ е  Раде Трајковски – Штекли. Тој е познат во криминалните кругови во Скопје и се врати на местото на злосторството бидејќи пред два месеци беше ранет во истиот трговски центар во подземните гаражи, објави Република 

Тогаш Штекли имаше среќа да побегне, но сега неговите противници го ранија и се наоѓа во болницата „Св.Наум Охридски“.

Но, кој и зошто е решен да го убие Штекли?

Има 38 години и е дел од т.н Барон криминална група од Чаир. Името го добила по кафуле во Чаир, а во неа воглавно се наоѓаат повратници од боиштата од Сирија и Ирак.

Раде Трајковски – Штекли се поврзуваше со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев, а пред една година беше екстрадиран во  Македонија за да издржува затворска казна од шест месеци.

 

извор: Република