На 18.02.2022 полициски службеници од Бирото за јавна безбедност-Оддел за криминалистичка полиција и инспектори од СВР Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во 25 угостителски објекти во Гостивар и во Струга и при тоа се констатирани низа неправилности во 14 објекти, кои се законски санкционирани. Од страна на Управата за јавни приходи се изречени санкции кон седум објекти во Струга и седум објекти во Гостивар, во кои се констатирани различни неправилности: неиздавање на фискални сметки, немање резервен фискален апарат итн. Од страна на Државниот пазарен инспекторат пак изречени се санкции за седум објекти во Гостивар поради разни видови непарвилности кои биле констатирани при контролите. Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период.
Related Posts
Ивановска за РСЕ: Владата да даде пример, а не да води антикорупциски кампањи
Најдобар пример и најдобра кампања на Владата за борбата против корупцијата е нивниот личен пример и нивните политики што ги…
Пратеникот Бастри Бајрами од Беса од денеска ќе дејствува како независен
Обединувањето на алабнскта опозиција во заеднички фронт скапо го чинеше Билал Касами. По средбата со Африм Гаши и Изет Меџити…
РСЕ: Цените европски, а платите балкански, освен за функционерите
Власта најави дека од следниот месец нема да ја продолжи мерката за замрзнување на цените, додека граѓаните се жалат на…