Битола испрати пожарникари и опрема за помош во поплавените подрачја во Кичево

Во услови на поплави што зафатија делови од Општина Кичево, Општина Битола обезбеди и испрати итна помош за справување со последиците од невремето.

По остварени контакти со градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски, и во координација со командирите на противпожарните единици од двата града, на терен е упатена екипа од Територијалната противпожарна единица на Битола.

Од Битола се испратени четворица пожарникари со едно противпожарно возило, опремени со три потопни пумпи, моторна пумпа за испумпување вода, црева, агрегат за струја и дополнителна техничка опрема наменета за справување со поплави.

Од локалната самоуправа информираат дека остануваат на располагање и за дополнителна помош доколку тоа биде потребно, со надеж дека состојбата во погодените подрачја ќе биде што поскоро нормализирана.