(ВИДЕО) Александар и Дац со нова песна посветена на Фросина Кулакова, која трагично загина минатата година на денешен ден

Слушнете ја “ФРОСИНА”, 💔 балада во спомен на Фросина Кулакова чија младост згасна на денешен ден 29 јануари минатата година
🙏 Песната е емотивен подарок од авторите Александар Митевски и Огнен Неделковски за семејството Кулакови и Фондацијата “Фросина Кулакова”.
Напишана и родена во една доцна ноќ и во еден здив како демо снимка со текстот на Огнен и музиката и гласот на Александар 🎶
“Фросина” нека биде спомен, парче светлина, капка утеха, поука за нацијата и лек за душата ❤️
Да ја споделиме пораката, емоцијата и поддршката во пресрет на вечерашната донаторска вечер на Фодацијата “Фросина Кулакова” во 19:00 часот