Директорот на БЈБ, Александар Јанев информираше дека денес се добиени 240 дојави за бомби

Директорот на БЈБ, Александар Јанев информираше дека денес се добиени 240 дојави за бомби. Тој посочи дека е контактирано со партнерите од Интерпол и Европол и дека има одредени траги. Контактирано е со Хрватска и Унгарија каде во последниот период се соочиле со слични закани.

Директорот Јанев не сподели информации од каде доаѓаат заканите само кажа дека целта е да се предизвика паника.

 

 

„Училиштата од денеска ќе добијат јасни инструкции што понатаму ќе се прави во иднина доколку се сторат ваквите настани. Директорите на училиштата постапија согласно протоколите. Македонската полиција и сите агенции за спроведување на законот покажаа јасна и одлучна борба против сите видови на криминал. Немаме дојава за криминал, каде што не сме одговориле или постапиле. Фокусот е да ги обезбедиме граѓаните од безбедносен аспект, но и од криминалот. Сите денешни дојави беа лажни“, рече Јанев во изјава за медиумите.