Skip to content
  • Twitter
  • Facebook
  • Youtube
  • Instagram
четврток, Јун 4, 2026

News1

Се од Македонија!

  • МАКЕДОНИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • ПОЛИТИКА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • МАГАЗИН
  • TRAVEL
  • Home
  • МАКЕДОНИЈА
  • Започнуваат уписите на првооделенци во основните училишта

Започнуваат уписите на првооделенци во основните училишта

мај 1, 2023Redakcija

Од утре и до крајот на мај ќе трае електронското запишување ученици во прво одделение во учебната 2023/2024 година. Уписот е преку порталот uslugi.gov.mkкаде што родителите/старателите треба да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните скенирани документи. Откако апликацијата ќе биде прифатена, се одредува термин во кој ученикот ќе треба да дојде на разговор со педагогот во училиштето.

Условите за запишување прваче се да има наполнето шест години до крајот на календарската година, да биде доставена потврда за примените задолжителни вакцини за детето, како и потврди за офталмолошки и стоматолошки прегледи издадени од надлежни установи.

По исклучок, детето може да се запише во прво одделение доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

Родителот, односно старателот, има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува.  Основното училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина само доколку има слободни места за запишување или доколку ученикот од другиот реон или општина нема можност за следење на наставата на својот мајчин јазик во својот реон односно општина.

Оваа дигитална услуга преку порталот uslugi.gov.mk  МОН ја воведе пред две години за упис на првачињата во учебната 2021/2022 година.

mkd.mk

МАКЕДОНИЈАПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Навигација на напис

Физички ги нападнал мајката, сопругата и малолетната ќерка
Во сообраќајка на патот Штип-Плачковица загина 25-годишник од Карбинци

Related Posts

Лишени од слобода четири лица, а со едно извршен службен разговор, вкупно 11 пријави за семејно насилство во последното деноноќие

На 20.04.2026 во 22:45 часот во ОВР Берово, 43-годишна жена од пехчевско село пријавила дека на 19.04.2026 околу 20:30 часот…

Генчовска: Ова не е тениски или фудбалски натпревар за да зборуваме во кој тим е или на кој терен, нашиот став е исклучително јасен

Ставот на Бугарија за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ е јасен и не може да се менува. Односите…

Кривична пријава против полициски службеник за „оддавање на службена тајна“

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран…

Последни Вести

1

За влез во Хрватска нови царински правила

redakcija2
2

Три лица лишени од слобода, со едно извршен службен разговор, вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

redakcija2
3

Соопштение на МВР

redakcija2
4

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП според Еуростат – раст на индустриското производство и зголемен број работни места

redakcija2
5

Градоначалникот Пецаков подари икона „Вознесение Господово“ на црквата Св. Спас во Лескоец

redakcija2

Станете во контакт

  • Twitter
  • Facebook
  • Youtube
  • Instagram

NEWS1.MK

  • Маркетинг
  • Импресум
Станете во контакт
  • Twitter
  • Facebook
  • Youtube
  • Instagram

Copyright © 2026 News1 | Infinite News by Ascendoor | Powered by WordPress.