Израелската армија вели дека Газа е „опасна борбена зона“

Денеска (29 август), израелската армија го прогласи градот Газа за „опасна борбена зона“ во која „тактичката пауза“ повеќе не е на сила, но не упати повик до населението веднаш да се евакуира.

Оваа дневна „локална тактичка пауза“ беше прогласена на крајот на јули за градот Газа и другите области на Појасот Газа, како што изјави армијата, за да „овозможи безбедно поминување на конвои на ОН“ и хуманитарни невладини организации до палестинската територија разорена од војната.

Израелската војска додаде дека ќе продолжи да „поддржува хуманитарни напори, со воени маневри и операции против терористичките организации во Појасот Газа“.

 

 

 

slobodnaevropa.mk