Мицкоски: Имав телефонски разговор со премиерот на Р. Хрватска во пресрет на извештајот на Европскиот парламент

Имав телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска, Andrej Plenković. Во пресрет на извештајот на Европскиот парламент, продолжувам да ги користам сите контакти за да ја раскажам македонската вистина – за нашиот напредок, за вредностите што ги браниме и за иднината што ја заслужуваме.
Хрватска е докажан пријател на нашата држава, а нејзината гласна поддршка во клучни моменти претставува голем поттик и охрабрување за сите нас.
Македонија заслужува членство во Европската унија, но со крената глава.