Почина легендарниот актер Гоце Тодороски

Македонската културна јавност и театарската сцена останаа без еден од своите најпрепознатливи и омилени актери. Почина Гоце Тодоровски, култниот драмски и телевизиски уметник кој со децении ја забавуваше и воспитуваше македонската публика.

​Тодоровски остави неизбришлив траг во македонското глумиште преку својот автентичен хумор, препознатлива енергија и ведар дух, објави 4news.mk Неговото име останува засекогаш запишано во историјата на домашната кинематографија и телевизија, пред сè преку незаборавните улоги во „Македонски народни приказни“, каде што низ стотици епизоди го доближи народното творештво до сите генерации.

​Покрај богатата телевизиска и радио-кариера, Тодоровски беше долгогодишен член и еден од носителите на репертоарот на Драмскиот театар во Скопје. На театарските штици оствари десетици главни и споредни улоги во култни претстави, оставајќи печат како актер со исклучителен чувство за комедија и драмски израз.

 

 

 

4news.mk