Превозниците од Србија и Босна и Херцеговина ја прекинаа блокадата на границите

Превозниците од Србија и Босна и Херцеговина(БиХ) на 30 јануари објавија дека ја прекинуваат блокадата на граничните премини со шенген – зоната за товарни возила, што ја почнаа во знак на протест против построгите процедури за влез во зоната.

Превозниците од Србија објавија дека во 15 часот ја прекинуваат блокадата на товарните терминали на граничните премини со шенген – зоната.

Конзорциумот „Логистика“, кој ги обединува камионските превозници од БиХ, за Радио Слободна Европа потврди дека превозниците од Босна и Херцеговина исто така ја прекинале блокадата на граничните премини за товарен сообраќај со земјите од Европската Унија(ЕУ).

Нивните колеги во Црна Гора и Северна Македонија го направија тоа еден ден претходно, на 29 јануари, додека се чека одлуката на превозникот од Босна и Херцеговина.

Возачите на камиони од Србија соопштија дека ги прекинуваат блокадите по пет дена бидејќи Европската комисија „јасно за прв пат објави дека професионалните возачи се посебна категорија работници на кои им е потребен подолг престој на територијата на Европската Унија од 90 дена“.

 

 

 

slobodnaevropa.mk