Премиерот Христијан Мицкоски ја поздрави пресудата за „Талир 2“ како победа на правдата

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека со пресудата за предметот „Талир 2“конечно е задоволена правдата во случајот што со години се водеше против ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна, СДСМ обвинува дека судството и обвинителството работат под политички притисок и дека одлуката му оди во прилог на поранешниот премиер Никола Груевски и на владејачката партија.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше жртва на политички прогон
Одговарајќи на новинарско прашање за ослободителната пресуда во случајот „Талир 2“, Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ во минатото била изложена на политички прогон од претходната власт преку, како што рече, „измислени случаи“ како „Талир 1“ и „Талир 2“.

„Мојот став е многу јасен. ВМРО-ДПМНЕ во тој период беше предмет на политички прогон и еден вид агресија од страна на претходната Влада. Измислија случаи кои не постојат, како што се „Талир 1“ и „Талир 2“. Судот донесе пресуда во делот што се однесува на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, а таа пресуда е во согласност со правдата и со очекувањата на граѓаните“, изјави Мицкоски.

 

 

DW