ФИФА денес најави фонд од 50 милиони долари, креиран во соработка со Катар, за влијание во општеството во повеќе региони низ светот, јавува Анадолу.
„Наследниот фонд на Светското првенство на ФИФА Катар 2022 е значаен проект кој се надоврзува на големото влијание на натпреварот од гледна точка на одржливост“, рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
„ФИФА го носи концептот на наследниот фонд на следното ниво во однос на досегот и влијанието со помош на клучните приоритети како што се бегалците, професионалното здравје, образованието и развојот на фудбалот“, додаде тој.
ФИФА наведува дека во партнерство со глобалните организации Светската здравствена организација (СЗО), Светската трговска организација (СТО) и УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, оваа иницијатива има за цел да го прошири наследството на Светското првенство на ФИФА Катар 2022, надвор од рамките на фудбалот.
Се нагласува дека програмата има за цел да ги решава клучните глобални предизвици како поддршката за бегалците, јавното здравје, образованието и развојот на фудбалската инфраструктура, придонесувајќи за значаен социјален и економски напредок низ светот.
извор: Анадолија