Исполнивме уште една важна цел за нашите сограѓани. Комплетно го асфалтиравме патот кој ги поврзува селата Лескоец и Велгошти.
Жителите од овие две населени места сега имаат директна поврзаност со што им се олеснува секојдневието.
Наш приоритет останува рамномерниот развој на целата територија на Општина Охрид. Инвестираме подеднакво во секое маало, во секое село и во секоја урбана заедница.
Продолжуваме со уште повеќе работа!



