Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваниот амбасадорот на Шведска, Ола Солстром. На средбата Николоски го запозна амбасадорот со владината програма во делот на капиталните проекти и вклученоста на Македонија во регионалните инфраструктурни проекти со што сe дава придонес во развој и промоција на регионалната соработка, информираат од Министерството за транспорт.
Соговорниците разговарале у за можностите и услови за инвестирање што ги нуди Македонија и јакнење на економската соработка.




