ЕУ го казни Гугл со 890 милиони евра

Европската комисија му изрече казни во вкупен износ од 890 милиони евра на американскиот технолошки гигант Гугл поради прекршување на правилата за конкуренција. Случајот се однесува на фаворизирање на сопствените услуги во резултатите од пребарувањето, како и на ограничувања што компанијата им ги наметнувала на развивачите на апликации за Андроид во комуникацијата со нивните корисници. Гугл ја оцени одлуката како „неправедна“.

Еврокомесарката за дигитални прашања Хена Виркунен изјави дека целта на Европската Комисијае да обезбеди поголема конкуренција на пазарот и да им овозможи и на други компании да развиваат иновации.

Според европскиот Закон за дигитални пазари (Digital Markets Act – DMA), најголемите и највлијателни дигитални компании не смеат да им даваат предност на сопствените услуги во однос на услугите на нивните конкуренти, на пример при прикажувањето на резултатите од пребарување.

Според оценката на Европската комисија, Гугл ги прекршил овие правила кај услуги како што се „шопинг“, хотели, транспорт и спортски резултати. За овој прекршок, Брисел му изрече казна од 460 милиони евра.

„Најдобрите производи треба да победуваат затоа што се подобри, а не затоа што му припаѓаат на компанијата што управува со интернет-пребарувачот“, изјави еврокомесарката за конкуренција Тереса Рибера.

 

 

 

DW