Денес повремено сончево со умерен северен ветар

На денот на изборите (недела 19 октомври) во нашата Република Македонија ќе имаме постепено намалување на облачноста, особено во попладневните часови кога очекувам повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

И во Скопје  и околината на денот на изборите (недела 19 октомври) времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди особено во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени а во Скопје  и околината максималната температура ќе се искачи до околу 15 степени, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

 

meteoalarm.mk