ЕСЕН ВО ЛЕТО ВО МАКЕДОНИЈА: Продор на влажен и ладен воздух од север носи осетно заладување и врнежи

Територијата на Македонија на ден петок 24 јули ќе биде зафатена од влажна и значително поладна воздушна маса од север која ќе услови да имаме повремени врнежи од дожд и невообичаено свежо, па дури и ладно време за третата декада на месец јули. Локално врнежите ќе бидат пообилни и ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

 

Локално во Македонија ќе наврнат над 10/15 литри на метар квадратен дожд.

 

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој ќе биде најизразен во Повардарието и таму локално ќе достигнува брзина од 50 до над 60 км/час.

 

И во Скопје и околината на ден петок 24 јули ќе има повремени врнежи од дожд со повремено умерен интензитет. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец кој во делови од регионот и од котлината ќе достигнува брзина од 50 до над 60 км/час.

 

Максималните дневни температури ќе бидат многу пониски и тоа за околу па и за повеќе од 10 степени тие ќе бидат пониски од оние кои ги имавме денес и тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени.

 

Во Скопје максималната температура на воздухот утре ќе се искачи до околу 20 степени.

Да напоменам дека овие температури кои ќе ги имаме утре петок 24 јули ќе бидат пониски од просечните за јули дури и за повеќе од 10 степени, стои во деталната анализа од метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

 

slavcometeo.mk