Заловен волк кој бил незаконски чуван како домашно милениче во една скопска населба

Вечерва во една скопска населба беше заловен волк, кој очигледно бил незаконски чуван (со ремче и ланец) како домашно милениче. За случајот веднаш беа известени сите надлежни институции.
🫵 Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја загрозуваат безбедноста на своите сограѓани. Ова не е само неодговорност, туку сериозна опасност за целата околина.
🐺 Волкот во моментов се згрижува од страна на службите на Скопската зоолошка градина, а институциите очекувам да ги преземат сите неопходни мерки и целосно да го расчистат случајот!
🚨 Во Скопје мора да има ред!
🫵 Мора да изградиме похумано, побезбедно и одговорно општество во кое законите важат за сите, а животните се третираат со грижа, а не како предмет за нечие иживување.