Лидерска средба ЕУ-Западен Балкан во Скопје, еврокомесарката Кос во посета на земјава

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска и утре (30 јуни и 1 јули) ќе престојува во посета на земјава. Таа ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, а ќе учествува и на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан која во следните два дена ќе се одржува во Скопје, а на која ќе се разговара за Планот за раст.

За денеска попладне најавена е тет-а-тет средба на еврокомесарката Кос со премиерот Мицкоски по што ќе се одржи и билатерална средба со останатите делегации.

На лидерската средба најавено е присуство на лидерите од Западен Балкан, како и на министри, високи претставници од Европската Унија, регионални организации и меѓународни институции.

Утре во рамки на лидерската средба ќе се одржат два панела од кои првиот ќе биде посветен на Планот за раст на Западен Балкан и на него ќе се обратат премиерот Мицкоски и еврокомесарката за проширување, по што ќе следи заедничка прес-конференција.

 

 

 

slobodnaevropa.mk