Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца малолетници. Пет лица во Гостивар, од кои еден е малолетник, а еден учествувал во претходна сообраќајна незгода, четири лица во Скопје, две лица во Кичево од кои еден малолетник и по едно лице во тетовско, Кривогаштани, Прилеп и Битола. Под дејство на алкохол возело едно лице во Делчево. Додека пак, по едно лице во Кичево и Кавадарци возеле со забрана за управување на моторно возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.


