Тошковски: Водата во Гостивар е технички исправна и може да се користи

Денес во Центарот за управување со кризи се одржа прес-конференција на која министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски, ја информираше јавноста дека, согласно последните анализи, водата во Општина Гостивар е технички исправна и може да се користи за одржување на лична хигиена, капење, миење садови и други технички потреби.
Воедно, беше нагласено дека водата сè уште не е безбедна за пиење, поради што граѓаните се повикуваат и понатаму да не ја користат за пиење и подготовка на храна, сè до добивање официјална потврда од надлежните институции дека е здравствено исправна.