Филипче: Историски најслаб извештај од ЕП за Македонија

Извештајот на Европскиот парламент ја има најлошата оценка за Македонија во последната деценија и тоа по заслуга на ВМРО-ДПМНЕ, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во прес- конференција во Скопје.Според него, во Извештајот јасно се посочува загриженост за нападите врз новинарите, мизогинија, неказнивост и сѐ поголемо ширење на омраза и дезинформации.

Лидерот на опозициската СДСМ вели дека во Извештајот на Европскиот парламент е посочено дека се осудува присуството на средби и состаноци, на кои се кроеле планови за воспоставување на сфери на влијание и поткопување на суверенитетот на други земји и стабилноста на регионот во целост.

„Ова го нотира Извештајот преку формулацијата дека владата поддржува таканаречен српски свет, а ЕУ го осудува присуството на средби и состаноци на кои се кројат планови за воспоставување на сфери на влијаење и поткопување на суверенитетот на други земји и стабилноста на регионот во целост. СДСМ од првиот ден, говореше дека оваа влада ја става државата во заложништво на други држави. Покрај опасното задолжување со директни заеми, политиките се водат под диктат на други земји кои имаат преголемо влијание врз оваа влада, а сега тоа сѐ повеќе се гледа и практично се потврдува“, рече Филипче.

„Ајде заеднички да лобираме“

Осврнувајќи се на неговата посета на Берлин, Филипче вели дека ја искористил како можност да лобира и да разговара со присутните европратеници за да остане неутралната дефиниција за македонскиот јазик – а не, како што е наведено во амандманот на извештајот на Европскиот парламент за Македонија, каде се предлага зборот „современ“ да се додаде како квалификација за македонскиот јазик. Тој ги повика ВМРО-ДПМНЕ да лобираат заеднички за амандманот да не помине.

 

 

DW