Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на циклонска активност која од Џеновскиот залив се преместува над нашата територија и условува да имаме многу нестабилно време со чести врнежи, грмежи, засилен ветер и локална појава на невреме.
Целата територија на Македонија се наоѓа во жолта и во портокалова предупредувачка фаза поради обилните врнежи од дожд и локалната појава на невреме.
Поради продор на посвеж воздух од северозапад, времето ќе биде посвежо со температури кои ќе се искачуваат во ијнтервалот од 21 до 28 степени, а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 24 степени, стои во најновата анализа од метеопрогнозерот Славчо Попоски.




